Saturday, January 18, 2020

В А Ж Н О - ПРАКТИЧЕН ИСПИТ ПО МЕТОДИКА ФЕВРУАРИ 2020

1. Испитите по Методика на наставата по македонски јазик 2 и Практика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржат на 3., 4. и 5. февруари во ОУ „Јан Амос Коменски“ - Скопје. Распоредот ќе биде објавен дополнително, т.е. по започнувањето на наставата во училиштата. 

2. Ги повикувам кандидатите што ќе го полагаат испитот, покрај официјалното електронско и физичко пријавување, најдоцна до 22.01.2020 (среда) да се пријават и со порака на: gor.teach@gmail.comПораката треба да биде насловена како: Практичен испит по методика - февруари 2020, а податоците (име и презиме со број на индекс, студиска група и којпат се полага испитот) треба да бидат форматирани на следниов начин :
Надица Петровска 2579Х
Македонски јазик
Првпат
Евиденцијата е потребна заради ефикасно и навремено планирање и организирање на распоредот и на наставните часови.

3. Кандидатите што немаат положено МНМЈ1 или ПНМЈ1, испитот треба да го полагаат во првиот испитен рок (21.01.2020). 
Кандидатите што ќе полагаат МНМЈ1 или ПНМЈ1 во вториот испитен рок (29.01.2020), немаат право оваа сесија да полагаат практичен испит по методика. 

4. Наставни единици за практичниот испит предложени од наставничката ментор:
     VI одделение 
     Прилошки определби за место, за време и за начин
     Сложена реченица
           Лексичко значење на зборовите - пароними
           VIII одделениe
  Минато определено свршено и минато определено несвршено време(аорист и имперфект)
      Удвојување на директниот и на индиректниот предмет
      Апозиција
      Структура на сложена реченица

No comments:

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА

Испитот по предметот Методика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржи помеѓу 3 и 5 јуни 2024 г. во ОУ „Јан Амос Коменски“. Кандидатит...