Wednesday, April 28, 2021

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА - МАЈ 2021

Сите кандидати што во претстојната сесија ќе полагаат Методика на наставата по македонски јазик 2 и Практика на наставата по македонски јазик 2, освен во I-know, испитот треба да го пријават и со порака на gor.teach@gmail.com, најдоцна до 3.5.2021. 
Евиденцијата е потребна заради ефикасно и навремено планирање и организирање на распоредот за полагање.

Пораката треба да има наслов (Subject): Практичен испит по методика - мај 2021, а податоците (име и презиме со број на индекс, студиска група и којпат се полага испитот) треба да бидат форматирани на следниов начин: 

Надица Петровска 2579Х  МЈ  Вторпат  

Пораките што нема да бидат испратени на овој начин, нема да бидат уважени.
Се планира испитот да се спроведе во периодот од 12 до 20 мај.
Часовите ќе се одржуваат онлајн на платформата Microsoft Teams, приспособена на наставните потреби на училиштата. За таа цел секој кандидат ќе треба да го активира своето корисничко име на платформата, со лозинката добиена од МОН.   
Распоредот на часовите со наставните единици ќе биде објавен неколку дена пред започнувањето на испитот.
До терминот за полагање кандидатите треба да изработат опстоен (детален и опширен) и методички издржан оперативен план за наставен час според наставната единица од распоредот. 
Консултациите за испитот ќе се изведуваат со наставниците од училиштата.

ТЕРМИНИ ЗА ИСПИТИ - ЈУНИ 2021

Непарни предмети
7.6.2021 (понеделник)
Методика на наставата по македонски јазик 1
Вовед во методиката на наставата по МЈ 
Практика на наставата по МЈ 1
8.6.2021 (вторник)
Современ македонски јазик 7 - ПИТА
Граматика на СМЈ 7 - ПИТА

Парни предмети
21.6.2021 (понеделник)
Теориски основи на методиката на наставата по МЈ
Современ македонски јазик 8 - ПИТА
Граматика на СМЈ 8 - ПИТА

Дополнително, во договор со наставниците-ментори од училиштата, ќе бидат објавени термините и распоредот за практичниот испит по Методика на наставата по македонски јазик 2 и Практика на наставата по македонски јазик 2. 
Се планира испитот да се спроведе во периодот од 12 до 20 мај.
______________________________________________________

Сите испити ќе започнуваат во 10:00 ч., а во зависност од бројот на кандидатите што се јавиле на испитот, ќе се прави распоред по групи за истиот и/или најдоцна за следниот ден.
Сите испити, освен МНМЈ2 и ПНМЈ2, ќе се полагаат онлајн на платформата Zoom. 
Списоците и распоредот на групите за полагање ќе бидат објавувани дополнително.
Кандидатите што ќе полагаат Методика на наставата по македонски јазик 2 и Практика на наставата по македонски јазик 2, треба да ги следат сите известувања за испитот.



РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТИТЕ ПО МНМЈ1, ГМЈ7 И СМЈ7 (ПИТА), МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (ПЕДАГОГИЈА)

Методика на наставата по македонски јазик 1  12.02.2024 30130   9 29953   8 14302   7 30324   5 30163   5 30265   5 30053   5 30034   5 Се п...