Monday, December 28, 2020

ПРОТОКОЛ ЗА ИСПИТОТ ПО МНМЈ2 И ПНМЈ2

1. Испитот по Методика на наставата по македонски јазик 2 и по Практика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржи онлајн на платформата Zoom на 21.01.2021 (четврток) во 10:00 ч. и на 2.02.2021 (вторник) во 10:00 ч. 
    Во првиот термин ќе полагаат кандидатите што имаат положено МНМЈ1 во претходните сесии.
    Кандидатите што немаат положено МНМЈ1 или ПНМЈ1, испитот треба да го полагаат на 27.01.2021 (среда) во 10:00 ч., а МНМЈ2 ќе полагаат во вториот термин, на 2.02.2021 (вторник) во 10:00 ч. 

2. Распоредот на групите за полагање ќе биде објавен по објавувањето на списоците во системот на I-know. 
    Покрај официјалното електронско пријавување, сите кандидати треба најдоцна до 10.01.2021 да се пријават и со порака на gor.teach@gmail.com. 
    Пораката треба да биде насловена како: Практичен испит по методика - јануари 2021, а податоците (име и презиме со број на индекс, студиска група и којпат се полага испитот) треба да бидат форматирани на следниов начин: 
    Надица Петровска 2579Х
    МЈ/МК/ОКК
    Вторпат
    Пораките што нема да бидат испратени на овој начин, нема да бидат уважени.
    Евиденцијата е потребна заради ефикасно и навремено планирање и организирање на распоредот за полагање.

3. Во периодот од 10. до 13. јануари ќе биде објавен распоредот со наставните единици за испит. 
    До терминот за полагање кандидатите треба да изработат опстоен (детален и опширен) и методички издржан оперативен план за наставен час според наставната единица од распоредот. 
    За усниот испит кандидатите ќе треба да бидат подготвени за аргументирано претставување на содржината од сите делови на оперативниот план. 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОЛОКВИУМИТЕ ПРЕД СЕСИЈАТА ЈАНУАРИ 2021

Методика на наставата по македонски јазик 1
термин: 12.01.2021 во 10:00 ч.
начин на спроведување: усно на интернет-платформата Zoom
кандидати: според определен список 

Граматика на македонскиот јазик 7 - ПИТА
термин: 12.01.2021 во 17:00 ч.
начин на спроведување: усно на интернет-платформата Zoom

Современ македонски јазик 7 - ПИТА
Нема да се одржи колоквиум.

ТЕРМИНИ ЗА ИСПИТИТЕ ВО СЕСИЈАТА ЈАНУАРИ 2021


21.01.2021 (четврток) во 10:00 ч. - за кандидатите што имаат положено МНМЈ1 и ПНМЈ1
Методика на наставата по македонски јазик 2
Практика на наставата по македонски јазик 2
22.01.2021 (петок) во 10:00 ч.
Современ македонски јазик 8 - ПИТА
Граматика на СМЈ 8 - ПИТА

27.01.2021 (среда) во 10:00 
Практика на наставата по МЈ 1
Теориски основи на методиката на наставата по МЈ
27.01.2021 (среда) во 10:00 и 17:00 ч.
Методика на наставата по македонски јазик 1
Вовед во методиката на наставата по МЈ
28.01.2021 (четврток) во 10:00 ч.
Современ македонски јазик 7 - ПИТА
Граматика на СМЈ 7 - ПИТА
2.02.2021 (вторник) во 10:00 ч. - за кандидатите што оваа сесија полагаат и МНМЈ1 и ПНМЈ1 
Методика на наставата по македонски јазик 2
Практика на наставата по македонски јазик 2

Сите испити ќе бидат усни (со посебни препораки за испитот по МНМЈ2) и ќе се полагаат онлајн на платформата Zoom. 
Списоците и распоредот на групите за полагање ќе бидат објавени дополнително.
Кандидатите што ќе полагаат Методика на наставата по македонски јазик 2 и Практика на наставата по македонски јазик 2, треба да ги следат сите известувања за испитот.

РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТИТЕ ПО МНМЈ1, ГМЈ7 И СМЈ7 (ПИТА), МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (ПЕДАГОГИЈА)

Методика на наставата по македонски јазик 1  12.02.2024 30130   9 29953   8 14302   7 30324   5 30163   5 30265   5 30053   5 30034   5 Се п...