Monday, December 28, 2020

ПРОТОКОЛ ЗА ИСПИТОТ ПО МНМЈ2 И ПНМЈ2

1. Испитот по Методика на наставата по македонски јазик 2 и по Практика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржи онлајн на платформата Zoom на 21.01.2021 (четврток) во 10:00 ч. и на 2.02.2021 (вторник) во 10:00 ч. 
    Во првиот термин ќе полагаат кандидатите што имаат положено МНМЈ1 во претходните сесии.
    Кандидатите што немаат положено МНМЈ1 или ПНМЈ1, испитот треба да го полагаат на 27.01.2021 (среда) во 10:00 ч., а МНМЈ2 ќе полагаат во вториот термин, на 2.02.2021 (вторник) во 10:00 ч. 

2. Распоредот на групите за полагање ќе биде објавен по објавувањето на списоците во системот на I-know. 
    Покрај официјалното електронско пријавување, сите кандидати треба најдоцна до 10.01.2021 да се пријават и со порака на gor.teach@gmail.com. 
    Пораката треба да биде насловена како: Практичен испит по методика - јануари 2021, а податоците (име и презиме со број на индекс, студиска група и којпат се полага испитот) треба да бидат форматирани на следниов начин: 
    Надица Петровска 2579Х
    МЈ/МК/ОКК
    Вторпат
    Пораките што нема да бидат испратени на овој начин, нема да бидат уважени.
    Евиденцијата е потребна заради ефикасно и навремено планирање и организирање на распоредот за полагање.

3. Во периодот од 10. до 13. јануари ќе биде објавен распоредот со наставните единици за испит. 
    До терминот за полагање кандидатите треба да изработат опстоен (детален и опширен) и методички издржан оперативен план за наставен час според наставната единица од распоредот. 
    За усниот испит кандидатите ќе треба да бидат подготвени за аргументирано претставување на содржината од сите делови на оперативниот план. 

No comments:

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА

Испитот по предметот Методика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржи помеѓу 3 и 5 јуни 2024 г. во ОУ „Јан Амос Коменски“. Кандидатит...