Sunday, August 21, 2016

ВАЖНО ЗА ИСПИТОТ ПО ПНМЈ1 (СЕПТЕМВРИ 2016)

Во врска со писмениот испит по Практика на наставата по македонски јазик 1, кандидатите треба да се договорат и да состават список од 15 наставни единици за испитните прашања.
На списокот може да се повторат 5 наставни единици од минатата сесија, а 10 треба да бидат нови.

Списокот се составува во согласност со наставнопрограмските содржини за основното и за средното образование, како и со следниве теми и тематски подрачја:
Наука за јазикот (функциите на јазикот); 
Историја на македонскиот јазик (македонската варијанта на црковнословенскиот јазик, учебникарската дејност во Македонија во 19. век);
Фонологија (гласовен систем); 
Морфологија (придавки, извици, глаголи - формите за минато време); 
Лексикологија (лексиката според потеклото); 
Фразеологија (класификација на фразеологизмите); 
Зборообразување (именки); 
Синтакса (именска група - категорија определеност, независносложени реченици).

Електронскиот список го очекувам најдоцна до 24 август (среда) до 18:00 ч. на gor.teach@gmail.com .



Thursday, August 4, 2016

ТЕРМИНИ ЗА ИСПИТНАТА СЕСИЈА СЕПТЕМВРИ 2016

6.9.2016 (вторник) и 12.9.2016 (понеделник)  во 11:00 ч.
Практика на наставата по македонски јазик 1
Современ македонски јазик 3 ПИТА
Современ македонски јазик 4 ПИТА

Термините за испитот по Практика на наставата по македонски јазик 2 ќе бидат објавени дополнително (по започнувањето на учебната година во основното и во средното образование), во договор со наставниците-ментори од училиштата.  

Вовед во методиката на наставата по МЈ и Теориски основи на методиката на наставата по МЈ се полага на 29.8. и 12.9.2016 во 10:00 ч. кај проф. Томислав Треневски.




ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА

Кандидатите кои во септемврискиот испитен рок ќе полагаат Практика на наставата по македонски јазик 2 или Методика на наставата по македонски јазик 2, покрај официјалното пријавување на испитот, најдоцна до 27 август (сабота) треба да испратат и порака (со полно име и презиме, студиска група и број на студентско досие) на адресата gor.teach@gmail.com .

Ваквата интерна евиденција е потребна заради ефикасно и навремено организирање на часовите во училиште.

Право на практичен испит имаат кандидатите кои заклучно со септемвриската сесија ќе имаат положено ПНМЈ1 и МНМЈ1.
  

РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТИТЕ ПО МНМЈ1, ГМЈ7 И СМЈ7 (ПИТА), МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (ПЕДАГОГИЈА)

Методика на наставата по македонски јазик 1  12.02.2024 30130   9 29953   8 14302   7 30324   5 30163   5 30265   5 30053   5 30034   5 Се п...