Sunday, August 21, 2016

ВАЖНО ЗА ИСПИТОТ ПО ПНМЈ1 (СЕПТЕМВРИ 2016)

Во врска со писмениот испит по Практика на наставата по македонски јазик 1, кандидатите треба да се договорат и да состават список од 15 наставни единици за испитните прашања.
На списокот може да се повторат 5 наставни единици од минатата сесија, а 10 треба да бидат нови.

Списокот се составува во согласност со наставнопрограмските содржини за основното и за средното образование, како и со следниве теми и тематски подрачја:
Наука за јазикот (функциите на јазикот); 
Историја на македонскиот јазик (македонската варијанта на црковнословенскиот јазик, учебникарската дејност во Македонија во 19. век);
Фонологија (гласовен систем); 
Морфологија (придавки, извици, глаголи - формите за минато време); 
Лексикологија (лексиката според потеклото); 
Фразеологија (класификација на фразеологизмите); 
Зборообразување (именки); 
Синтакса (именска група - категорија определеност, независносложени реченици).

Електронскиот список го очекувам најдоцна до 24 август (среда) до 18:00 ч. на gor.teach@gmail.com .



No comments:

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА

Испитот по предметот Методика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржи помеѓу 3 и 5 јуни 2024 г. во ОУ „Јан Амос Коменски“. Кандидатит...