Sunday, November 30, 2008

Се известуваат студентите дека следните термини за практичен испит по Методика на наставата по македонскијазик се во февруари 2009.
Списокот ќе биде отворен до крајот на декември 2008.

Wednesday, October 22, 2008

РАСПОРЕД ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА НА НАСТАВАТА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

четврток, 30. 10. 2008 г. – попладневна смена – 12,00 ч.
1.ч. Додевска Наде – Предминато време, 7ѓ
ментор: Васка Топузовска
2.ч. Филиповска Билјана – Граматичките категории кај глаголот, 6а
ментор: Марјан Костовски
3.ч. Богоеска Марија – Глаголски конструкции со сум и има, 8д
ментор: Јагода Серафимовска
4.ч. Богдановска Маја - Глаголски конструкции со сум и има, 8ѓ
ментор: Јагода Серафимовска
5.ч. Рембоска Климентина – Извици, 8а
ментор: Марјан Костовски

петок, 31. 10. 2008 г. – попладневна смена – 12,00 ч.
1.ч. Наумоска Елизабета - Предминато време, 7г
ментор: Васка Топузовска
2.ч. Миланова Елена – Именки – поим и поделба, 5г
ментор: Јагода Серафимовска
3.ч. Цветановска Марија - Глаголски конструкции со сум и има, 8в
ментор: Јагода Серафимовска
4.ч. Стојковиќ Светлана – Минато идно време, 7ѓ
ментор: Васка Топузовска
5.ч. Стојчевска Андријана – Граматичките категории лице и број кај глаголот, 6а
ментор: Марјан Костовски

четврток, 6. 11. 2008 г. – попладневна смена – 12,00 ч.
1.ч. Брндевска Марија - Граматичките категории кај глаголот, 6б
ментор: Марјан Костовски
2.ч. Зафирова Ѓурѓица - Минато идно време, 7д
ментор: Васка Топузовска
3.ч. Трајковска Даниела - Минато идно време, 7г
ментор: Васка Топузовска
4.ч. Петрушевска Магдалена – Модални зборови, 8ѓ
ментор: Јагода Серафимовска
5.ч. Гочевска Александра – Транскрипција на туѓите зборови, 8д
ментор: Марјан Костовски

ЗАБЕЛЕШКИ:
ОУ “Димо Хаџи-Димов” се наоѓа во населбата Влае, а до него водат автобуските линии: 2, 4, 5, 8, 11, 12, 15, 23, 56, 64.
Кандидатите треба да подготват писмен приказ за часот, а на испитот да донесат пријава и потврда за хоспитираните часови..
Кандидатите треба да појдат на консултации кај менторите во училиштето.
Кандидатите се должни да го почитуваат распоредот и да го одржат определениот час. Доколку се откажат од практичниот испит, нема да смеат да се пријават за следната сесија.
На денот на испитот кандидатите треба да бидат во училиштето половина час пред започнувањето на часот.

Monday, March 3, 2008

Трибина: Статусот на македонскиот јазик во наставата

На 29. февруари 2008 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, се одржа трибина на тема Статусот на македонскиот јазик во наставата. Со тоа започна одбележувањето на 2008 како година на македонскиот јазик по пат на јавни трибини и расправи. Трибината ја отвори продеканката за настава на Филолошкиот факултет, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, а ја поздрави Лилјана Поповска, претседател на Движењето за обнова на Македонија. Инаку, по иницијатива на Движењето за обнова на Македонија, Владата на РМ ја прогласи 2008 за година на македонскиот јазик.
По воведните излагања на проф. д-р Стојка Бојковска (Воспитно-образовниот процес во Македонија - традиција, состојби и перспективи), проф. д-р Виолета Димова (Воспитната функција на литературата во наставата по јазик) и на м-р Гордана Алексова (За две општествени функции на македонскиот јазик), на трибината се разви широка дискусија по многу прашања врзани за состојбите во наставата по македонски јазик на сите воспитно-образовни степени - основното, средното и високото образование.

Monday, February 18, 2008

Инормации за практичниот испит по Методика на наставата по македонски јазик

Списокот за практичниот испит по Методика на наставата по македонски јазик, што ќе се одржи на 19. и 20. февруари 2008, се дополнува со 2 часа за четврток, 20. 02. 2008 г. И тоа:

- 5.ч. - Коцева Станка, Функциите на броевите во реченицата, 7б - ментор: Марјан Костовски и
- 6.ч. - Мангутова Душица, Функциите на броевите во реченицата, 7а - ментор: Марјан Костовски.

Испитот е во попладневната смена, а часовите почнуваат во 12,00 ч.
Кандидадите треба да изготват писмен план за часот и да носат пријава.
Сите кандидати треба да присуствуваат на сите часови во денот кога полагаат.

Wednesday, February 6, 2008

ДОБРЕДОЈДОВТЕ на страницата на Гордана Алексова

Пристапивте кон блогот на м-р Гордана Алексова, виш лектор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје.
Страницата им е наменета на студенти од Филолошкиот факултет и од факултетите каде што наставата по предметот Македонски јазик ја изведува професорката Алексова. Тука ќе најдат информации за наставата и за испитите по предметите:
- Методика на наставата по македонски јазик (МНМЈ),
- Практика на наставата по македонски јазик 1 (ПНМЈ1),
- Практика на наставата по македонски јазик 2 (ПНМЈ2),
- Современ македонски јазик (СМЈ),
- Македонски јазик 1 (МЈ1) и
- Македонски јазик 2 (МЈ2).
Добредојдени се сите коментари, објективните забелешки и конструктивните предлози.

РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТИТЕ ПО МНМЈ1, ГМЈ7 И СМЈ7 (ПИТА), МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (ПЕДАГОГИЈА)

Методика на наставата по македонски јазик 1  12.02.2024 30130   9 29953   8 14302   7 30324   5 30163   5 30265   5 30053   5 30034   5 Се п...