Monday, March 3, 2008

Трибина: Статусот на македонскиот јазик во наставата

На 29. февруари 2008 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, се одржа трибина на тема Статусот на македонскиот јазик во наставата. Со тоа започна одбележувањето на 2008 како година на македонскиот јазик по пат на јавни трибини и расправи. Трибината ја отвори продеканката за настава на Филолошкиот факултет, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, а ја поздрави Лилјана Поповска, претседател на Движењето за обнова на Македонија. Инаку, по иницијатива на Движењето за обнова на Македонија, Владата на РМ ја прогласи 2008 за година на македонскиот јазик.
По воведните излагања на проф. д-р Стојка Бојковска (Воспитно-образовниот процес во Македонија - традиција, состојби и перспективи), проф. д-р Виолета Димова (Воспитната функција на литературата во наставата по јазик) и на м-р Гордана Алексова (За две општествени функции на македонскиот јазик), на трибината се разви широка дискусија по многу прашања врзани за состојбите во наставата по македонски јазик на сите воспитно-образовни степени - основното, средното и високото образование.

РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТИТЕ ПО МНМЈ1, ГМЈ7 И СМЈ7 (ПИТА), МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (ПЕДАГОГИЈА)

Методика на наставата по македонски јазик 1  12.02.2024 30130   9 29953   8 14302   7 30324   5 30163   5 30265   5 30053   5 30034   5 Се п...