Saturday, August 31, 2019

В А Ж Н О - ПРАКТИЧЕН ИСПИТ ПО МЕТОДИКА СЕПТЕМВРИ 2019

1. Испитите по Методика на наставата по македонски јазик 2 и Практика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржуваат во деновите од 18. до 24. септември во ОУ „Јан Амос Коменски“ - Скопје. Распоредот ќе биде објавен дополнително, т.е. по започнувањето на наставата во училиштата. 

2. Ги повикувам кандидатите што ќе го полагаат испитот, покрај официјалното електронско и физичко пријавување, најдоцна до 4.9.2019 (среда) да се пријават и со порака на: gor.teach@gmail.comПораката треба да биде насловена како: Практичен испит по методика - септември 2019, а податоците (име и презиме со број на индекс, студиска група и којпат се полага испитот) треба да бидат форматирани на следниов начин :
Надица Петровска 2579Х
Македонски јазик
Првпат
Евиденцијата е потребна заради ефикасно и навремено планирање и организирање на распоредот и на наставните часови.

3. Кандидатите што немаат положено МНМЈ1 или ПНМЈ1, испитот треба да го полагаат во првиот испитен рок (4.9.2019). 
Кандидатите што ќе полагаат МНМЈ1 или ПНМЈ1 во вториот испитен рок (18.9.2019), немаат право оваа сесија да полагаат практичен испит по методика. 

4. Наставни единици за практичниот испит предложени од наставничката ментор:
     6 одделение 
     Морфолошка класификација на зборовите
           Видови именки - глаголска именка
           Зборови во функција на подмет
     8 одделение
     Нелични глаголски форми - глаголска л-форма
     Предмет - видови предмет 
     Составни независносложени реченици
     Спротивни независносложени реченици


РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТИТЕ ПО МНМЈ1, ГМЈ7 И СМЈ7 (ПИТА), МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (ПЕДАГОГИЈА)

Методика на наставата по македонски јазик 1  12.02.2024 30130   9 29953   8 14302   7 30324   5 30163   5 30265   5 30053   5 30034   5 Се п...