Wednesday, February 1, 2023

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА 2 - ФЕВРУАРИ 2023

 Испитот по предметот Методика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржува од 13. до 15.02.2023 во ОУ „Јан Амос Коменски“.

Кандидатите што го пријавиле испитот во I-know, најдоцна до 3.02. (петок) до 12:00 ч. треба да го потврдат или да го откажат полагањето, со електронска порака на адресата gor.teach@gmail.com. Оваа евиденција е потребна заради прецизен и навремен распоред за часовите. Пораката треба да има наслов ГО ПОТВРДУВАМ ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА или ГО ОТКАЖУВАМ ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА и да биде форматирана на следниов начин:

Благуна Шаревска 52Х90 МЈ/МК/OKK

првпат / вторпат / третпат / повеќепати


Распоредот за часовите ќе биде објавен најдоцна до 6.02.2023 г.

Во прилог се наставните единици за 7. и за 9. одделение што се планираат за испитните часови, според распоредот за месец февруари на наставничката-ментор Грозданка Кажлева:

Глаголи – граматичката категорија вид 

Придавки – видови придавки и нивните граматички категории

Глаголот во личноглаголска форма во функција на прирок

Реченичниот член предмет

Реченичниот член атрибут

Извици

Модални зборови

Глаголски конструкции со сум и со има

Исказни зависносложени реченици

Временски  зависносложени реченици

No comments:

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА

Испитот по предметот Методика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржи помеѓу 3 и 5 јуни 2024 г. во ОУ „Јан Амос Коменски“. Кандидатит...