Sunday, May 8, 2022

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИСПИТОТ ПО МЕТОДИКА 2 - МАЈ 2022

Сите кандидати што во претстојната сесија ќе полагаат Методика на наставата по македонски јазик 2 освен во I-know, испитот треба да го пријават и со порака на gor.teach@gmail.com, најдоцна до 11.5.2022 г. (среда). 
Евиденцијата е потребна заради ефикасно и навремено планирање и организирање на распоредот за полагање.

Пораката треба да има наслов (Subject): Практичен испит по методика - мај 2022, а податоците (име и презиме со број на индекс, студиска група и којпат се полага испитот) треба да бидат форматирани на следниов начин: 

Надица Петровска 2579Х  МЈ  Вторпат  

Пораките што нема да бидат испратени на овој начин, нема да бидат уважени.

Се планира испитот да се спроведе во периодот од 19 до 25 мај во ОУ „Јан Амос Коменски“ - Скопје.
Распоредот на часовите со наставните единици ќе биде објавен неколку дена пред започнувањето на испитот.
До терминот за полагање кандидатите треба да изработат опстоен (детален и опширен) и методички издржан оперативен план за наставен час според наставната единица од распоредот, а структуриран според методологијата посочувана на часовите по Методика 1 и 2. 
Консултациите за испитот ќе се изведуваат со наставниците од училиштата.

No comments:

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА

Испитот по предметот Методика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржи помеѓу 3 и 5 јуни 2024 г. во ОУ „Јан Амос Коменски“. Кандидатит...