Saturday, January 15, 2022

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИСПИТОТ ПО МНМЈ2 - 21.01.2022

Испитот по Методика на наставата по македонски јазик 2 (21.01.2022 во 10:00 ч.) ќе се одржи онлајн на платформата Zoom: 
https://us02web.zoom.us/j/82331796538?pwd=MWpMZmxQc25qc0o4dzFsN1c0dzNOdz09&fbclid=IwAR2n2RJ9H9aeNnjAV2nGTL90PoLrHq6mm6SJlXYuCxA7nXtGiNs-zCJK0dI#success

За испитот кандидатите треба да изработат оперативен план за час, според моделот претставен на часовите и со задолжителна застапеност на сите точки од структурата на планот. На усниот испит ќе се разговара за секоја точка поединечно.
Доколку на испитот се забележат исти содржини во два или во повеќе оперативните планови, или содржини преземени од друг план/други планови, сработените материјали ќе се сметаат за неважечки и ќе се пристапи кон креирање оперативни планови на самиот испит. 
Кандидатите, исто така, треба да покажат подготвеност за осмислување наставни активности и делови од методичката апаратура на оперативен план за сите наставни единици од приложениот список.

Распоред на наставните единици за оперативен план (наставна единица по избор од понудените три, со редни броеви од приложениот список):
29158 - 1, 8 , 15
29258 - 2, 7, 13
29233 - 4, 10, 14
29349 - 3, 11, 15
29232 - 5, 9, 13

Список на наставни единици:
1. Едначење на согласките по звучност 2. Слоготворно р 3. Глас и фонема 4. Пишување на голема буква 5. Отстапување од третосложното акцентирање 6. Правила за акцентирање на зборовите 7. Основно и преносно значење на зборовите 8. Новосоздадени зборови – неологизми 9. Лексичко значење на зборовите: синоними и антоними (како повторување) и пароними 10. Идно време (футур) 11. Граматички категории на именките (род и број) 12. Заповеден начин 13. Прирок 14. Прилошка определба за: место, начин и време 15. Составни независносложени реченици






No comments:

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА

Испитот по предметот Методика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржи помеѓу 3 и 5 јуни 2024 г. во ОУ „Јан Амос Коменски“. Кандидатит...