Saturday, January 16, 2021

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РАСПОРЕДОТ ЗА ИСПИТОТ ПО МНМЈ2

На барање на некои од кандидатите што немаат положено МНМЈ1, направени се измени во распоредот за испитот по МНМЈ2, објавен на 15.01.2021 во 21:59:00 ч.

Истовремено, нагласувам дека се истечени термините за пријавување на испитите, особено терминот за интерното пријавување за МНМЈ2, кој траеше до 10.01.2021 г. 

Ги молам кандидатите што не ги прочитале упатствата во пораките за термините, распоредот и протоколот за испитот по МНМЈ2, да го направат тоа и, доколку треба да полагаат МНМЈ1, да ме известат најдоцна до 17.01. (недела) до 18:00 ч.

Исто така, терминот за интерното пријавување за испитот по МНМЈ2 го продолжувам до 17.01. (недела) до 18:00 ч. 

По ова ќе биде објавен конечниот распоред за испитот по МНМЈ2,  а пораките што ќе пристигнат по овој термин, нема да се земат предвид.  

На кандидатите што внимателно ги следеа и постапуваа според упатствата, им се извинувам за измените во распоредот што се направени и што ќе се направат дополнително. 

No comments:

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА

Испитот по предметот Методика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржи помеѓу 3 и 5 јуни 2024 г. во ОУ „Јан Амос Коменски“. Кандидатит...