Friday, July 31, 2020

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА - СЕПТЕМВРИ 2020

Практичниот испит по Методика на наставата по македонски јазик 2 и по Практика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржи онлајн на платформата Zoom на 16., 17. и 18.9.2020 г. Испитот можат да го полагаат само кандидатите што имаат положено МНМЈ1.
Распоредот на групите за полагање ќе биде објавен по внесувањето на списоците во системот на I-know. 
Покрај официјалното електронско пријавување, кандидатите треба најдоцна до 25.8.2020 да се пријават и со порака на gor.teach@gmail.com. Пораката треба да биде насловена како: Практичен испит по методика - септември 2020, а податоците (име и презиме со број на индекс, студиска група и којпат се полага испитот) треба да бидат форматирани на следниов начин: 
Надица Петровска 2579Х
Македонски јазик
Вторпат
Евиденцијата е потребна заради ефикасно и навремено планирање и организирање на распоредот за полагање.
Кандидатите што немаат положено МНМЈ1 или ПНМЈ1, испитот треба да го полагаат во првиот испитен рок (25.8.2020)
Во периодот од 1. до 4. септември ќе биде објавен распоредот со наставните единици за испит. До терминот за полагање кандидатите треба да изработат опстоен (детален и опширен) и методички издржан оперативен план за наставен час според наставната единица од распоредот. 
Дополнително ќе бидат објавени подробностите во врска со начинот на изведување на испитот.
Во договор со кандидатите ќе бидат организирани групни онлајн консултации за испитот.


No comments:

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА

Испитот по предметот Методика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржи помеѓу 3 и 5 јуни 2024 г. во ОУ „Јан Амос Коменски“. Кандидатит...