Monday, January 15, 2018

ВАЖНО: ПРАКТИЧНИ ИСПИТИ МЕТОДИКА - ЈАНУАРИ 2018

Практичните испити по Практика на наставата по македонски јазик 2 и Методика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржат по 22. јануари.

Ги повикувам кандидатите кои ги имаат пријавено овие испити, покрај официјалното електронско и физичко пријавување, најдоцна до 18.01.2018 (четврток) да го пријават полагањето и со порака на: gor.teach@gmail.com . 
Пораката треба да ги содржи следниве податоци: име и презиме на кандидатот, студиска група,  број на студентското досие и по којпат се полага испитот.
Ваквата интерна евиденција е потребна заради ефикасно и навремено планирање и организирање на распоредот и на наставните часови.

Наставните единици за практичниот испит, определени според годишното планирање на наставниците-ментори, се следните:

Основно образование
Сегашно  време
Минато определено свршено време
Минато определено несвршено време
Заповеден начин
Прилози

Средно образование
    Акцент
Акцентски целости со енклитики и проклитики
Редување (замена) и испуштање на гласовите во македонскиот литературен јазик
Глас и фонема – разлики и сличности
Прости глаголски форми
Значењето на лично-предметните заменки
Глаголски прирок (прост и сложен)
Предмет
Удвоен предмет
Прилошки определби
Второстепени реченични членови (атрибут и апозиција)




No comments:

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА

Испитот по предметот Методика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржи помеѓу 3 и 5 јуни 2024 г. во ОУ „Јан Амос Коменски“. Кандидатит...