Monday, December 19, 2016

ВАЖНО ЗА КОЛОКВИУМОТ ПО МЕТОДИКА НА НАСТАВАТА ПО МЈ 1

Во врска со писмениот колоквиум по Методика на наставата по македонски јазик 1, кандидатите треба да се договорат и да состават список од 10 наставни единици за испитните прашања.

Списокот се составува во согласност со наставнопрограмските содржини за основното и за средното образование, а на овој колоквиум ќе бидат застапени наставни единици од следните теми и тематски подрачја:
Фонологија (гласовен систем); 
Морфологија (придавки, извици, глаголи - формите за минато време); 
Лексикологија (лексиката според потеклото); 
Фразеологија (класификација и значење на фразеологизмите); 
Зборообразување (именки); 
Синтакса (именска група - категорија определеност, независносложени реченици).

Електронскиот список го очекувам најдоцна до 21 декември (среда) до 18:00 ч. на gor.teach@gmail.com .

No comments:

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА

Испитот по предметот Методика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржи помеѓу 3 и 5 јуни 2024 г. во ОУ „Јан Амос Коменски“. Кандидатит...