Friday, January 15, 2016

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА

Практичните испити по Практика на наставата по македонски јазик 2 и Методика на наставата по македонски јазик 2 се закажани за 1., 2. и 3. февруари. 
Распоредот ќе биде објавен по писмените испити по ПНМЈ1 и МНМЈ1. 
На крајот од оваа порака се објавени наставните единици за испитните часови.

Право на полагање практичен испит имаат кандидатите кои заклучно со испитниот термин од 20.01. ќе ги положат испитите по Практика на наставата по македонски јазик 1 и Методика на наставата по македонски јазик 1. 
Кандидатите што ќе ги полагаат овие испити во вторите испитни рокови од јануарската сесија, нема да можат да полагаат практичен испит во оваа сесија. Причината е кусиот период за составување распоред и за подготовка на наставните часови.

Термини за консултации за практичниот испит:
20.01.2016 (среда) во 10,00 ч.
28.01.2016 (четврток) во 10,00 ч.

Наставни единици:
Прости и сложени глаголски форми
Безлични глаголски форми
Функциите на именката во реченицата
Прирок
Предмет (директен и индиректен)
Удвојување на предметот
Предлошки предмет
Прилошки определби
Второстепени реченични членови: Атрибут и апозиција
Реченични еквиваленти

No comments:

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА

Испитот по предметот Методика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржи помеѓу 3 и 5 јуни 2024 г. во ОУ „Јан Амос Коменски“. Кандидатит...