Wednesday, October 1, 2014

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ПРЕД ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА

Се известуваат кандидатите што ќе полагаат практичен испит по Практика на наставата по македонски јазик 2 и Методика на наставата по македонски јазик 2 дека оперативниот план за часот треба да го состават според критериумите и содржините на предметните студиски програми и на начин на којшто соодветните содржини се реализираат на часовите за вежби.

Писмените планови во вид на пополнет формулар на една страница А4 формат нема да се земат предвид при полагањето, а кандидатот ќе треба да изработи нов план или да го преполага испитот (во зависност од покажаните резултати во текот на наставниот час).

ПОТСЕТУВАЊЕ:
Писмената подготовка за часот треба да биде составена според следниот редослед на содржините:
1. Тип на часот (во овој дел се определува и местото на наставната единица во наставната програма, според принципот на системност и последователност);
2. Цели на часот - образовни, воспитни, функционални (сите да се постават и да се образложат);
3. Тек на часот - со целосно претставување на содржините што ќе бидат застапени во секоја етапа од часот (воведен дел - мотивација, главен дел - сфаќање на значењето, завршен дел - рефлексија), заедно со нагледните средства (наставни листови, слајдови од Word PP-презентација, графо-фолии и сл.) и со илустративните содржини;
4. Форми на работа;
5. Наставни методи користени на часот (не само со наслови, туку да бидат образложени);
6. Наставни принципи (со образложение поврзано со наставната единица, а не општо) и 
7. Користена литература.    

Денес престанува можноста за консултации по електронски пат и во периодот до 6. 10. (понеделник) нема да се земаат предвид електронските пораки со оперативен план за испитот. 

No comments:

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА

Испитот по предметот Методика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржи помеѓу 3 и 5 јуни 2024 г. во ОУ „Јан Амос Коменски“. Кандидатит...