Friday, November 4, 2011

ПОТВРДА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ ХОСПИТАЦИИ ПО МЕТОДИКА

Во врска со ПОТВРДАТА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ ХОСПИТАЦИИ по предметите Практика на наставата по македонски јазик и Методика на наставата по македонски јазик, ги молам студентите од 4. година од групата Македонски јазик и од 3. и 4. година од групата Македонска книжевност да направат список на кандидатите кои во текот на учебната 2011/2012 год. ќе посетуваат часови по предметот Македонски јазик во основните и во средните училишта.

На списокот, покрај името на кандидатите, треба да стои и бројот на нивното студентско досие (индексот).

Нагласувам дека списоците треба да бидат веродостојни и потполни и дека нема да може да се дополнуваат по предавањето во Деканат.

Податоците ќе бидат контролирани и одобрени од надлежните служби на Филолошкиот факултет.

Списоците во електронска форма треба да ми ги испратите најдоцна до 15. 11. 2011 год.

No comments:

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА

Испитот по предметот Методика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржи помеѓу 3 и 5 јуни 2024 г. во ОУ „Јан Амос Коменски“. Кандидатит...