Tuesday, October 12, 2010

Н А Ј Н О В О ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ

Почитувани и драги колеги,

По вчерашното објавување на информацијата за поместувањето на термините: http://galeksova.blogspot.com/2010/10/blog-post_11.html

и на Конечниот распоред:

http://galeksova.blogspot.com/2010/10/blog-post_07.html ,

објавувам нова информација со најновите измени за практичниот испит (ПНМЈ2 и МНМЈ2).

Имено, од училиштето „Димо Хаџи-Димов“ не` известуваат дека поради неповолните временски услови, дводневната ученичка екскурзија ја одлагаат за следната недела. Исто така, поради прослава на патронатот, 21 октомври е неработен ден во училиштето.

Вашите ментори и директорката на училиштето не` молат за разбирање и ни се извинуваат поради повторното менување на термините.

Испитот ќе го изведеме на 26, 27 и 28 октомври 2010 г., според постојниот распоред за деновите: вторник, среда и четврток.

Часовите ќе бидат во попладневната наставна смена (12,30 ч.)

Ве молам и понатаму да ги следите сите информации во врска со испитот.

Ве очекувам на консултации:

среда (13 октомври) во 10,00 ч. и

вторник (19 октомври) во 11,30 ч.

Јас, и покрај се`, гледам на подобрата страна на работата и знам дека времето што го добивме со поместувањето на термините ќе придонесе за подобар квалитет на часовите што ќе ги одржиме во ОУ „Димо Хаџи-Димов“.

Ве поздравувам и се надевам дека, барем со последнава објава, ќе предизвикам некој коментар од ваша страна.

Срдечно ваша,

Гордана Алексова

2 comments:

Unknown said...
This comment has been removed by the author.
Unknown said...

Поздрав професорке. Треба да ви го испратам практичниот испит по маил. Ако сте во можност да ми ја испратите ваша маил адреса на canevska@gmail.com
Благодарам.

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА

Испитот по предметот Методика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржи помеѓу 3 и 5 јуни 2024 г. во ОУ „Јан Амос Коменски“. Кандидатит...