Friday, April 27, 2018

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА 2 - МАЈ 2018

Практичните испити по Методика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржат од 7. до 9. мај во ОУ „Јан Амос Коменски“ - Скопје.

Ги повикувам кандидатите кои го пријавиле овој испит, покрај официјалното електронско и физичко пријавување, најдоцна до 30.4.2018 (понеделник) да го пријават полагањето и со порака на: gor.teach@gmail.com . 
Пораката треба да ги содржи следниве податоци: име и презиме на кандидатот, студиска група,  број на студентското досие и по којпат се полага испитот.
Ваквата интерна евиденција е потребна заради ефикасно и навремено планирање и организирање на распоредот и на наставните часови.

Наставните единици за практичниот испит, определени според годишното планирање на наставниците-ментори, се следните:

VII одделение
Глаголот во лична глаголска форма во функција на прирок
Реченичен член предмет 
Реченичен член атрибут   

VIII одделение
Предмет-видови предмет
Удвојување на директниот и индиректниот предмет
Апозиција
Видови сложени реченици
Составни независносложени реченици
Исклучни и заклучни независносложени реченици    

Распоредот ќе биде објавен дополнително.

Wednesday, April 4, 2018

МНМЈ2 - РЕЗУЛТАТИ ОД ПИСМЕНИОТ КОЛОКВИУМ

Писмениот колоквиум по предметот Методика на наставата по македонски јазик 2 го положија кандидатите со број на индекс:
28250
27849
27827
28144
27838
27839
27865
27864
27871
27885
Кандидатите се допуштаат на практичен испит во мајскиот испитен рок.

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА

Испитот по предметот Методика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржи помеѓу 3 и 5 јуни 2024 г. во ОУ „Јан Амос Коменски“. Кандидатит...