Thursday, November 10, 2011

4. година Македонски јазик - активности за часовите по ПНМЈ1

Подготовка за часовите во вторник, 15. 11. 2011 г.

Разгледајте ја критички содржината на тематските подрачја Морфологија и Синтакса во наставните програми за 7. и 8. одделение од основното образование и за 2. и 3. година од гимназиското образование.
http://www.bro.gov.mk/?q=nastavni-programi
Поставете теми за дискусија.

На часовите засилено и активно ќе се користат знаењата за:
- содржинското и структурното планирање на наставната единица;
- наставните средства (со посебен осврт на нагледноста);
- наставните методи и наставните принципи;
- граматичките категории време, преодност и залог на глаголот;
- глаголската сум-конструкција;
- пасивните речениции;
- реченичните членови прирок, подмет, директен предмет и предлошки предмет.

Friday, November 4, 2011

ПОТВРДА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ ХОСПИТАЦИИ ПО МЕТОДИКА

Во врска со ПОТВРДАТА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ ХОСПИТАЦИИ по предметите Практика на наставата по македонски јазик и Методика на наставата по македонски јазик, ги молам студентите од 4. година од групата Македонски јазик и од 3. и 4. година од групата Македонска книжевност да направат список на кандидатите кои во текот на учебната 2011/2012 год. ќе посетуваат часови по предметот Македонски јазик во основните и во средните училишта.

На списокот, покрај името на кандидатите, треба да стои и бројот на нивното студентско досие (индексот).

Нагласувам дека списоците треба да бидат веродостојни и потполни и дека нема да може да се дополнуваат по предавањето во Деканат.

Податоците ќе бидат контролирани и одобрени од надлежните служби на Филолошкиот факултет.

Списоците во електронска форма треба да ми ги испратите најдоцна до 15. 11. 2011 год.

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА

Испитот по предметот Методика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржи помеѓу 3 и 5 јуни 2024 г. во ОУ „Јан Амос Коменски“. Кандидатит...