Tuesday, May 14, 2024

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА

Испитот по предметот Методика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржи помеѓу 3 и 5 јуни 2024 г. во ОУ „Јан Амос Коменски“.

Кандидатите што планираат да го полагаат испитот, покрај вообичаеното пријавување во I-know, најдоцна до 17.5. (петок) до 18:00 ч. треба да испратат и електронска порака на адресата gordana.aleksova@flf.ukim.edu.mk. Оваа интерна евиденција е потребна заради прецизен и навремен распоред на часовите. 

Пораката треба да има наслов: ГО ПОТВРДУВАМ ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА и да биде форматирана на следниов начин:

Благуна Шаревска 52Х90 МЈ/МК/OKK

првпат / вторпат / третпат / повеќепати

Распоредот за часовите ќе биде објавен дополнително.

----------------------------------------------------------------

Предлог-наставни единици за практичниот испит:

VI одделение                                      

Модална карактеристика на реченицата (видови реченици: расказни, прашални, заповедни, желбени)

Граматичка структура на реченицата

Главни реченични членови

Видови прирок

VIII одделение

Предмет – видови предмет

Удвојување на директниот и индиректниот предмет

Составни независносложени реченици

Спротивни независносложени реченици


No comments:

РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТИТЕ ПО ЛИНГВОСТИЛИСТИКА 2, СМЈ 8 И ГМЈ 8 (ПИТА)

  Лингвостилистика 2 30404  10 30281  10 30278  10 30288   9 30279   9 30282    9 30286    9 30280    9 30287    6 30283    6 30031    6 Гра...