Friday, April 27, 2018

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО МЕТОДИКА 2 - МАЈ 2018

Практичните испити по Методика на наставата по македонски јазик 2 ќе се одржат од 7. до 9. мај во ОУ „Јан Амос Коменски“ - Скопје.

Ги повикувам кандидатите кои го пријавиле овој испит, покрај официјалното електронско и физичко пријавување, најдоцна до 30.4.2018 (понеделник) да го пријават полагањето и со порака на: gor.teach@gmail.com . 
Пораката треба да ги содржи следниве податоци: име и презиме на кандидатот, студиска група,  број на студентското досие и по којпат се полага испитот.
Ваквата интерна евиденција е потребна заради ефикасно и навремено планирање и организирање на распоредот и на наставните часови.

Наставните единици за практичниот испит, определени според годишното планирање на наставниците-ментори, се следните:

VII одделение
Глаголот во лична глаголска форма во функција на прирок
Реченичен член предмет 
Реченичен член атрибут   

VIII одделение
Предмет-видови предмет
Удвојување на директниот и индиректниот предмет
Апозиција
Видови сложени реченици
Составни независносложени реченици
Исклучни и заклучни независносложени реченици    

Распоредот ќе биде објавен дополнително.

No comments:

РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТИТЕ ПО ЛИНГВОСТИЛИСТИКА 2, СМЈ 8 И ГМЈ 8 (ПИТА)

  Лингвостилистика 2 30404  10 30281  10 30278  10 30288   9 30279   9 30282    9 30286    9 30280    9 30287    6 30283    6 30031    6 Гра...