Се известуваат студентите што ќе полагаат практичен испит по МНМЈ и ПНМЈ2 во следниот испитен рок, дека пријавувањето продолжува до среда, 30. 9. 2009 г. Исто така, престанува практиката на внесување имиња на списокот кај предметните професорки. Кандидатите се должни да поднесат пријава во отсекот за студентски прашања, кај референтот за групата Македонски јазик. Списокот ќе биде составен според пријавите доставени до определениот датум. На списокот нема да се најдат имиња на студенти што не го пријавиле испитот на овој начин. Ова важи и за кандидатите кои претходно се запишале на списокот кај професорките. Тие, исто така, треба да достават пријава во студентски прашања.
Списокот за практичниот испит ќе биде објавен дополнително, а во согласност со распоредот на наставниците-ментори.
Го отворивте блогот на д-р Гордана Алексова, вонреден професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје. Овде ќе најдете информации за наставата и за испитите по предметите: Методика на наставата по македонски јазик 1 и 2 (МНМЈ1 и МНМЈ2); Современ македонски јазик 7 и 8 (СМЈ7 и СМЈ8) - ПИТА и Граматика на македонскиот јазик 7 и 8 (ГМЈ7 и ГМЈ8) - ПИТА .
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТИТЕ ПО ЛИНГВОСТИЛИСТИКА 2, СМЈ 8 И ГМЈ 8 (ПИТА)
Лингвостилистика 2 30404 10 30281 10 30278 10 30288 9 30279 9 30282 9 30286 9 30280 9 30287 6 30283 6 30031 6 Гра...
-
27.01.2025 (понеделник) во 11:00 ч. Методика на наставата по македонски јазик 2 - терминот ќе биде објавен дополнително Лингвостилистика 2 ...
-
За практичниот испит по Методикка на наставата по македонски јазик 2 се пријавија кандидатите со следните броеви на индекс: 29953 30053 ...
No comments:
Post a Comment